По хаосот и прекинот во електроенергетскиот систем, напојувањето со електричната енергија постепено се враќа во Хрватска и Босна и Херцеговина.
Засега струја добија градови како Бања Лука, Тузла, Сараево, Котор Варош…
Напојувањето со електрична енергија без која претходно денеска остана без цела Далмација, постепено почна да функционира, јавуваат хрватските медиуми.
Засега и делови од Сплит, како и други градови и населени места веќе се приклучени на електрична мрежа.
Според хрватските медиуми, најдоцна до 15 часот и 30 минути целата територија на Далмација треба да добие струја.
Наводно, никогаш немало дефект на електроенергетскиот систем преку три држави. Причината се уште не е позната, но се шпекулира дека потрошувачката се зголемила поради високите температури, па системот бил во колапс.
