Струмичанецот кој се тестираше на коронавирус, има негативен резултат. Сега најнов на тестирање е возачот на комбето кое од Милано пристигна во Македонија, и во кое беше и жената која досега единствена е позитивна на коронавирус. Ова го изјави министерот Венко Филипче на прес-конференција во Владата.
„Возачот немал контакти со никого, бил сам дома. Денеска почувствувал болки во градите и имал кашлица, и сам се јавил на службите, со што реагиравме, и го тестиравме. Резултатите ќе бидат за 2-3 часа“, рече Филипче.
