Струмичани сами собраа 135 илјади денари за деца со аутизам и комбе за лица со инвалидитет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стотина струмичани се јавија на првиот донаторски кружок на Центарот за истражувања и анализи „Новус“ за да донираат пари за иницијативите што ги покренаа три граѓански здруженија од регионот, пишува СДК.мк

Со подигање палки, граѓаните даваа по 500, 1.000 и 1.500 денари за да може да се реализираат работите што ги покренаа здруженијата „Мобилност“ од Струмица и ,,Говорот на срцето “ од Босилово и велосипедскиот клуб „Актив“.

  • „Мобилност“: Поправка на комбето за превоз на лица со телесен инвалидитет.
  • „Говорот на срцето“: Организација на работилници за родители на деца со аутизам.
  • ВК „Актив“: Проширување на кампингот на Беласица со нови бараки.

„Со ова покажавме дека малите дела на добрина можат да направат големи промени. Заедно можеме да го подобриме животот во заедницата,“ изјави Саве Џурновска од „Новус“.

Настанот беше реализиран со поддршка од „Конект“, која ја промовира филантропијата како начин за заедничко вложување во локални проекти.

Целиот текст ТУКА