Студен бран од Артикот ја зафати Хрватска, јавуваат тамошните медиуми. Снег паѓа од утрово, а на некои места температурите паднаа и под нулата. Најавени се и бури, а на возачите им се препорачува користење на зимска опрема.
Во Србија е запален жолтиот метеоаларм, кај нас во наредните денови според УХМР, температурите на некои места ќе достигнат и до -6 степени, за време на викендот се очекува покачување на истите и до 19 степени.

