Студентите реагираат на поскапувањето на билетите, Јаневска: Ќе реагираме согласно буџетските можности

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со поскапувањата на меѓуградскиот автобуски превоз, се оптоварува пред се буџетот на студентите, кои на пример од Тетово до Скопје и назад, како и во двата правци на релација Куманово-Скопје, месечно ќе треба да издвојат околу 6000 денари.

Студентските организации реагираат на поскапувањата бараат автобускиот превоз да биде субвенциониран за студентите кои студираат надвор од местото каде што живеат. Министерката за образование, Весна Јаневска вели дека кај нив досега не стигнала никаква иницијатива од студентите, а кога ќе пристигне ќе ја разгледаат и како што вели ќе донесат одлука во рамките на буџетските можности.

-Како сите други иницијативи, така и оваа ќе биде разгледана и ќе им биде одговорено во рамките на буџетските можности, вели Јаневска.

Прашање: Предвидено ли е да има субвенција за меѓуградскиот превоз?

Јаневска: Ама јас мислам дека бев сосема јасна, ќе ја разгледаме иницијативата, ќе одговориме во рамките на нашите буџетски можности. Не можам иницијатива која не стигнала да ја предвидувам, ќе видиме што можеме да направиме.