Министерството за економија и труд објави јавен повик за поддршка на занаетчиите со кои ќе се субвенционираат со 40% од докажаните трошоци.
„Со оваа мерка е предвидено да се субвенционираат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање 40 % од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари од барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ“, вели Бесар Дурмиши.
Министерот Дурмиши посочи дека преку Министерството за економија се обезбедени средства во вредност од 6 милиони и 500 илјади денари со кои ќе се субвенционираат докажаните трошоци што занаетчиите ги направиле во 2023-2024 година.
„На јавниот повик може да се пријават активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавувањето на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години“, порача Бесар Дурмиши.
Крајниот рок за аплицирање за субвенции е 1 октомври 2024 година, а деталите и потребните документи кои треба да се достават за аплицирање може да се најдат на веб-страницата на министерството.
