Судир на две патнички возила кај селото Длабочица – сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка-Деве Баир во прекин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две патнички возила се судрија вечерва во атарот на селото Длабочица, кривопаланечко, поради што сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка- Деве Баир е целосно во прекин.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека сообраќајната несреќа се случила околу 20:20 часот, а сообраќајот на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка – Деве Баир е во прекин од 20:30 минути.

Оттаму засега потврдија дека станува збор за две патнички возила, а увидот од страна на екипите на Министерството за внатрешни работи сѐуште трае.Портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска најави детали за несреќата по завршувањето на увидот.