Неколку лица се повредени во железничка несреќа што се случила во Данска, кога два воза се судриле во близина на градот Хилерод, северно од Копенхаген, соопштија локалните служби за итни случаи за Ројтерс.
Според првичните информации, инцидентот се случил во четврток, кога два локални воза се судриле челно.
„Има два локални воза кои се судрија челно“, изјави портпаролот на Противпожарната служба на Голем Копенхаген.
Од службите за итни случаи информираат дека меѓу патниците има повредени, но сите лица успеале да излезат од возовите и никој не е заробен.
На местото на несреќата се испратени голем број екипи за итна интервенција, а истрагата за причините за судирот е во тек.
