По барање на Обвинителството за организиран криминал, судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на бизнисменот Орце Камчев.
Тој ќе биде спроведен во истражниот затвор „Шутка“.
Од Обвинителството претходно истакнаа дека ќе побараат и мерка притвор во рамки на истрагата „Плацевите на Водно“ во која е инволвиран и самиот Камчев.
