Да не се усвојува буџетот без покачување на платата и да се вратат додатоците на плата. Ова се главните барања на судските административци и јавнообвинителската служба кои уште еднаш се кренаа на протест од каде се изјаснија дека сакаат да им се зголемат платите како на функционерите. Велат дека има можност оваа недела да се организира генерален штрајк доколку нема одговор на нивните барања, со што би се блокирала работата на судовите и поголем протест пред Собранието.
На прашањето дали ќе се покачат платите во секторот каде владее незадоволство, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи рече дека тоа би се случило доколку се подобри услугата во тој сектор.
Претставниците на Синдикатот на административните работници, судски органи и граѓански здруженија, до сега одржале две средби со претставници од Владата, кои завршиле без конкретна понуда за решавање на проблемот.
