Новиот претседател на Судски Совет, Сашко Георгиевски, ги отстрани од седницата снимателите на телевизиите. Одлуката ја донесе по 20 минутна пауза и консултација со другите членови на Советот додавајќи на крајот „Ве молиме, треба да не оставите да работиме“.
Инаку, години по ред на ниту еден состав на Судски Совет не му сметаа условите и просторот на салата, што значи дека во секоја седница условите беа исти и ниту еден од членовите, ниту претседателот на Судски Совет не се жалел.
На оваа одлука и претходеше дискусија дали да се отстранат медиумите или не. Ниту еден од членовите на почеток немаше храброст за да ја образложи одлуката зошто не треба да присуствуваат камерите.
Меѓу првите кои реагираше беше екс претседателката на советот, Весна Дамева.
Додека претседателот Георгиевски тврдеше дека нему лично не му сметаат камерите, постојано инсистираше дека за работа потребна е концентрација. Прв кој се согласи со идејата за отстранување на камерите беше Милазим Мустафа, член на советот, а потоа и другите.
Седницата на советот продолжи без присуство на камерите, а потоа и на новинарите, а се дебатираше за завршувањето на мандатот на неколку поротни судии и за жалбите и преписките на граѓаните за работата на судиите.
