Судскиот совет на Република Северна Македонија попладнево ќе одржи 535-та итна седница, на која ќе се расправа за одземање на имунитет на судијата Ѓоко Ристов.
Како што соопшти Судскиот совет, седницата ќе се одржи на 20 јануари 2026 година (вторник), со почеток во 15:30 часот.
На дневен ред е расправа и одлучување по барање на Основниот кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија, како и за одобрување предлог за определување мерка куќен притвор.
