На денешната седница, Судскиот совет со мнозинство гласови донесе одлука да ја предложи Мери Дука Георгиевска за членка на Уставниот суд. Дука Георгиевска е момнетално претседателка на Апелацискиот суд Скопје.
Изборот беше меѓу неа и Елизабета Дуковска, која доаѓа исто така од Апелација, и која не ја доби поддршката од членовите на Судскиот совет.
Мнозинството членови на Судскиот совет кога одлучуваа, како клучно го наведоа тоа што Дуковска нема непрекинат стаж како редовна судијка 20 години, како што бара Законот за судски совет. Судскиот совет немаше забелешки околу професионалниот интегритет и работата на двете судијки.
После дискусијата се прејде на лгасање на кои 11 членови на Судскиот совет гласаа „против“ Дуковска да биде предлог за кандидат за уставен судија.
