Под мотото „Стоп за селективна правда, правда ќе има за сите“, Независниот синдикат на судската полиција излезе на протест пред Собранието и министерството за правда.
Почитување на правосилните пресуди, неменување на судската пракса по желба на некој, измени во законот за судска служба, добивање бенифициран стаж и регулирање на додатоците за плата, донесување на подзаконски акт на министерот до 20% за сите судови, почитување на колективниот договор, се барањата на судската полиција организирана преку независниот синдикат на полицијата (НССП).
