Ова куќа му е оставена како наследство на Халил од неговите родители. Неговата мајка починала скоро пред една година, но од тогаш тој не успеал да ги префрли документите на негово име. Првично се соочил со проблеми со неговиот брат кој по смртта на родителите сакал дел од куќата иако веќе добил дел од наследството во другиот дел од градот.
Овој документ како што вели Халил Муса потврдува дека куќата му ја оставила мајката како наследство до крајот на нејзиниот живот.
Таков договор во другите градови може да се реализира без суд и нотар, но тој наишол на големи тешкотии.
Но, како тоа да не е доволно, пред два месеци по барање на братот на Халил, куќата не фигурира во катастарот на Охрид.
Иако, како што вели Халил, куќата ги поседува сите потребни документи за изградба и дозвола за градба, бидејќи куќата се наоѓа на тоа место над 100 години.
Овој документ го потврдува решението на Врховен суд за куќата да не се брише од катастар. Но сепак куќата веќе не фигурира во катастар без оглед на ова пресуда.
Халил упати тешки обвинувања до охридските судии, велејќи дека тие играат како што им вели неговиот брат.
Тој бара од властите да ги преземат неопходните мерки и да дејствуваат според законите. Тој не бара ништо друго освен можноста да ја префрли куќата на негово име и да се регулира прашањето во катастар.
.
