Ова е соопштение на Судски совет која е објавена на веб сајтот на оваа институција само на македонски јазик, а според Законот за употреба на јазиците, треба да биде и на албански.
А истото соопштение, без да биде преведена е ставена и во делот на веб страната на албански јазик.
Состојбата во веб страницата на Основното обвинителство е уште полоша. Ниту едно соопштение не е преведено на албански јазик.
Иста е состојбата и кај судовите.
Испративме прашање до Судски Совет зошто не се почитува целосно Законот за употреба на јазиците и сите известувања да бидат и на албански, но не добивме одговор.
И Инспекторатот за употреба на јазиците констатираше бројни непочитувања што се однесува до употребата на албанскиот јазик во Судски совет.
Фатмир Исени, директор на Инспекторатот, вели дека следниот период се очекува подобрување на состојбата.
„Во Судски совет сме извршиле инспекциски надзор, инспекторатите ја констатираа фактичката состојба каде не се почитува законот. Дадена е опомена до Судски совет за неколку месеци да ги елиминираат забелешките дадени од Инспекторатот и очекуваме одговор од Надзорниот совет за да направи контролен надзор.“, вели Исени.
До сега оваа институција е фокусирана во министерствата и управите, а од сега натаму ќе се врши инспекција и во судовите и обвинителствата, додаде Исени.
„Има министерства кои целосно го почитуваат Законот за употреба на јазиците, некои добија опомени, неколку министерства, како што споменав претходно, бараат одложување на рокот иако работат на имплементација од законот, но поради обемот на работа, издавањето на многу документи од таа институција и малиот број на преведувачи малку го одложува процесот“, изјави Исени.
Инспекторатот досега нема изречено казни, но Исени најавува дека од август институциите кои нема да ги елиминираат опомените дадени од Инспекторатот ќе бидат предмет на прекршочна постапка.
„Генерално, во месеците август и септември повеќе ќе се фокусираме на контролен надзор и потоа ќе поведеме прекршочна постапка за институциите кои многу малку постапиле во спроведувањето на Законот за употреба на јазиците.“, кажа Исени.
Инспекторатот од следниот месец ќе работи со 8 инспектори на државно ниво. Исени вели дека тоа не е доволно бидејќи врз основа на систематизација треба да се вработат 32 инспектори во 3 подрачни единици во Кичево, Тетово и Куманово.
