Сугарески и Филипче на средба со менаџментот на ТАВ за отворање на аеродромите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе го посетат Меѓународниот аеродрoм – Скопје каде што ќе имаат средба со менаџментот на ТАВ Македонија.

На средбата се очекува да се разговара за отворањето на аеродромите во Скопје и во Охрид што, според одлука на Владата, треба да се случи на 1 јули.

Ќе бидат изготвени специјални протоколи за отворањето на аеродромите, и за однесувањето на патниците на терминалите при слетување и полетувањето на авионите на двата аеродроми во Скопје и во Охрид.