Суспендиран теренот на Шкендија, клубот предаден на дисциплинска комисија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Натпреварувачката комисија на ФФМ го суспендираше теренот на Шкендија, по повод немилите сцени на неделното дерби против Шкупи. Натпреварот неколку пати беше во прекин откако беа каменувани дел од играчите на Шкупи, како и помошникот судија.

„Натпреварувачката комисија го суспендира теренот на ФК Шкендија и го предаде клубот на дисциплинска комисија. 

Дисциплинската комисија ќе одлучува за мерките кои ќе бидат преземени“, се вели во соопштението на ФФМ.

Натпреварот се играше 30 минути повеќе од вообичаеното, а заврши без голови. Во судиското надополнување Шкендија промаши и пенал, односно голманот Илјази одбрани.