Свадба со 100 гости и мекици со 200 гости, дел од новите кластери во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека од 8 лица се заразени со коронавирус, а 40 лица се во изолација од семејна прослава – мекици за бебе со 200 гости во Охрид, додека пак од свадба во Скопје со 100 гости, досега се 14 позитивни.

Тој додаде дека на епидемиолозите проблем им се создава со несоработката на лицата кои биле присутни на свадбата.

„70 проценти од новозаболените се во рамките на веќе познатите кластери, но има и нови. Сите се заразени од истата причина, непочитување на мерките. Ова нема логика и го осудувам таквото однесување. Не може да има свадба кога е тоа забрането. Не може да има прослави со 200 гости ако е тоа забрането“, порача Филипче.

? [ВО ЖИВО] Министерот Филипче за најновата состојба со коронавирусот во Македонија

? [ВО ЖИВО] Министерот Филипче за најновата состојба со коронавирусот во Македонија

Gepostet von TV21 am Donnerstag, 11. Juni 2020