Денеска во Кривичен продолжи судењето за организаторите на нападот во Собранието на 27 април 2017, повторно со сведоци на обвинетите Трајко Вељаноски, Спире Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, кои доставија голема листа на сведоци, а судијата Трпков ја одобри.
На денешното рочиште сведочеа претседатели на месни и општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, како и членови на централниот комитет.
Сведочеа и ракометарот Борко Ристовски, актерот Тони Михајловски и активистот Александар Пандов.
Ристовски рече дека преку социјалните мрежи давал поддршка, а не бил во Скопје во тој период, бидејќи имал ангажман во странство. Михајловски и Пандов рекоа дека самоиницијативно дале поддршка за протестите и учествувале во нив.
Следното рочиште е закажано за 5. февруари со сведоци како Емил Димитриев, Митко Чавков и Кирил Божиновски.
