Сведок во случајот „Пулс“: Внатрешноста на објектот во 2025-та не е иста со онаа во 2018-та

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во големата судница во Идризово, денеска продолжи судењето за случајот „Пулс“, на кое искази даваа сведоци и оштетени во случајот.

Еден од сведоците, рече дека редовно го посетувал објектот, односно дискотеката уште од 2018-та година.

Како што изјави тој на денешното судење, на критичната вечер, пред пожарот во март 2025-та година, внатрешноста на објектот не била иста со онаа кога тој во 2018-та година за прв пат го посетил објектот „Пулс“.