Раст на инфлацијата од три отсто во 2024 година и враќање на долгорочниот просек на земјата од два процента во периодот 2025-2026 година очекува Светската банка за Македонија, пишува Блумберг Адриа.
Како што беше речено на денешната презентација на редовниот Економски извештај за Западен Балкан, ризик е зголемувањето на платите што не се во согласност со продуктивноста и тоа е нешто што годинава може да ја одржи инфлацијата на зголемено ниво.
Според Светската банка, земјава бележи зголемен буџетски дефицит, а минатата година имала и економски раст најнизок во регионот. Годинава се очекува растот да биде силно поттикнат од градежните работи на автопатиштата.
