Свирепо убиство за време на полициски час – син со нож уби татко, сам тргнал кон клиника но не стигнал на време

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четириесетина минути пред полноќ, празните улици во Скопје и полицискиот час го нарушил глас на средновечен човек кој трчал кон комплексот клиники за да бара помош.

На ова му претходела семејна расправија во куќа која се наоѓа не далеку од Клиничкиот центар. Трагите крв, беа само нем сведок за драмата што се случувала доцна синоќа.

24 годишното момче со нож му нанело смтоносни повредни на својот 55 годишен татко. Мотивите се не познати, а истрагата во тек.

„Полициски службеници на СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Д.А.(24), бидејќи околу 23:15 часот на ул.„Бигла“ во Скопје, при семејна расправија со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А.(55), од кои тој починал на местото на настанот. Предметот со кој е извршено делото е обезбеден“.

По злочинот осомниченито за убиството се вдал во бегство, но полицијата го лишила од слобода, а пронајден е и ножот со кој било извршено убиството.

Повредениот татко, тргнал кон Клиничкиот центар, но поради обилното крварење, стигнал само на влезот од комплексот клиники. Паднал и искрварил до смрт.

По завршување на целата истрага, против осомничениот за убиството ќе биде покрената постапка и изведен пред судија на претходна постапка.