Најмалку десет лица се повредени, од кои едно лице е во критична состојба, а 21 лице води како исчезнато, откако свлечиште во јужна Норвешка затрупа десетина згради во раните утрински часови во среда, соопшти полицијата.
Свлечиштето се случило во станбен кварт во местото Гјердурум, 30 километри северно од главниот град Осло. Фотографиите покажуваат голем кратер со уништени куќи на дното.
Хелокоптери го надлетуваат регионот, повремено спуштајќи на припадниците на службите за вонредни ситуации во рушевините на куќите.
„Ме разбуди хеликоптер кој надлетуваше, и после тоа полицијата почнала да ги повикува граѓаните на евакуираат“, изјави Кјетил Аман.
