СЗО: На светот му се потребни повеќе вакцини против коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 286 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот....

Општина Центар ќе додели 400.000 денари за помош на Петриња во Хрватска

Советот на Општина Центар на вчерашната 59. седница донесе одлука да додели парична помош во висина од 400.000 денари...

Најзадоволни од професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економисти и правници

Над 70 отсто од економистите и над 50 проценти од правниците би ја промениле професијата, покажува истражувањето на  Brainster. На...

Без вода корисниците од повеќе улици од Скопје

Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Видое Смилевски Бато“, „Панче Неделковски“, „Ќемал Ататурк“ и „Коста Абрашевиќ“, информираат...

Полска најави правни активности против Фајзер за недоставување на сите вакцини

Полска би можела да преземе правни активности против американската фармацевтска компанија „Фајзер“, бидејќи не се доставени сите договорени количини...

Мајк Рајан, водечки експерт за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), го поздрави одобрението на Велика Британија за вакцината Pfizer / BioNTech во средата.

Тој рече дека се потребни повеќе вакцини и дека дотогаш мора да се почитуваат мерките како што се носење маски на јавно место, пренесува Анадолија.

Рајан разговараше со епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове, на јавен форум за КОВИД-19.

Тие изразија надеж за развој на вакцини, но исто така ја истакнаа потребата од други безбедносни мерки.

„Не треба да застануваме, ни требаат повеќе од три или четири видови вакцини. Треба да го зголемиме производството, треба да ја намалиме цената. Потребна ни е вакцина со една доза“, рече Рајан.

Велика Британија стана првата земја што дозволи употреба на вакцината Pfizer / BioNtech против коронавирус, по клиничко одобрување од државното регулаторно тело.

Агенцијата за лекови и здравствени производи на Обединетото Кралство (МХРА) објави дека вакцината, која нуди до 95 проценти заштита од COVID-19, е безбедна за употреба.

„Мора да бидеме многу трпеливи едни со други во текот на следните неколку месеци. Треба да водиме евиденција за тоа што правиме сега“, рече Рајан.