СЗО од Кина бара да ги објави сите податоци за коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет години по почетокот на пандемијата на Ковид-19, Светската здравствена организација (СЗО) денеска повторно побара од Кина да сподели податоци и информации за да разјасни како започна пандемијата.

„Продолжуваме да ја повикуваме Кина да сподели податоци и пристап за да можеме да го разбереме потеклото на Ковид-19. Ова е морален и научен императив. Без транспарентност, споделување и соработка меѓу земјите, светот не може соодветно да се подготви или спречи идни епидемии и пандемии“, се наведува во соопштението на СЗО.

Здравствената агенција на ОН потсети дека на 31 декември 2019 година, нејзината канцеларија во Кина дознала за случаи на, како што рекоа тогаш, вирусна пневмонија во Вухан.

„Во неделите, месеците и годините што следеа, Ковид-19 ги ​​промени нашите животи и нашиот свет“, велат од СЗО. На почетокот на овој месец, генералниот директор на таа организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, на прашањето дали светот е подобро подготвен за можна следна пандемија, рече и да и не.