Лидерот на ДПА Мендух Тачи во синоќешното гостување на дебатна емисија во ТВ21, кажа дека има респект кон сегашниот премиер Христијан Мицкоски, затоа што го одржал зборот, односно го исполнил ветувањето дека нема да прави влада со Ахмети.
„Моето почитување кон сегашниот премиер доаѓа од многу други работи, затоа што тој е лидер на партијата и убедливо ги доби изборите и немам ништо против него, но мојот респект доаѓа и од една причина, што не го измами Али како што го измами Груевски. Али посегна по Груевски, а Груевски ја забоде ДПА заедно со Али Ахмети“, рече Тачи.
