Претседателот на ДПА, Мендух Тачи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека некој треба да сноси одговорност за обидот за рушење на власта.
„Имавме добар успех, станавме членка на НАТО, бевме на добар пат, јасен пат со јасна стратегија. Евроатланска интеграција, а тоа е идеалот на Албанците денеска. И оддеднаш им текнува на некои да ја сменат власта, да го променат правецот“, вели Тачи.
Тој додава дека имало пратеник кој јавно кажал дека има закани поради тоа што ја поддржува власта.
„Кои се тие сили, кои се тие фактори треба јавно да се кажат, што ги натераа Албанците да го променат правецот. Нас ни треба една здрава опозиција која ќе ја контролира власта и мена како дел од неа меѓутоа треба јасно и гласно да кажат дека нема под никакви услови да направат коалиција со некои кои се залага против нашите принципи, нашите главни цели“, порача Тачи.
