Со Мендух Тачи, лидерот на ДПА во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме на различни теми. Една од нив е прислушувањето, а во некои разговори го има и неговиот глас.
Тачи вели дека тие разговори не се 100% точни.
„Никогаш нема да се сложам дека тие разговори кои се прислушувани се 100% точни. Повторно ќе бидам соочен да зборувам за тоа, но ниту ден денеска не е најден аргумент дека јас со ВМРО-ДПМНЕ имав некој бизнис или некоја заедничка одлука“, вели Тачи.
Тој смета дека тогашната власт прислушувала, но смета дека во иднина тешко дека некому ќе му „дојде на памет“ тоа да го прави повторно.
„Мислам дека тогашната власт прислушуваше. Јас сум шампион на прислушување и во таа власт и во поранешните власти. Сметам дека ова ќе биде памет за другите кои ќе раководат со тие институции, да не ги злоупотребуваат во иднина. Тој што ќе дрзне ова да го повтори, кога тогаш дека ќе одговара“, рече Тачи.
Целата изјава низ видео:
