Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во интервју за Клан Македонија рече дека Алтернатива со четири пратеници ќе биде дел од владата и дека тоа е завршена работа. Тој додаде дека е добро информиран од Заев и Ахмети, но тоа не го објавуваат за да не предизвикаат загриженост во Движење Беса.
„Заев и Ахмети не можат да кажам, но јас отворено кажувам, дека работата со Алтернатива е завршена. 4 пратеници на Алтернатива ќе бидат поддржувачи и ќе станат дел од Владата. Тоа не го кажува ниту Заев, бидејќи Ахмети му вели дека не сака да предизвика турбуленции. Верувам дека се согласувате дека јас сум информиран и нема никаква причина зошто да лажам. Тие не можат да кажат бидејќи ќе предизвикаат вознемиреност кај Биљал“, вели Мендух Тачи.
Изјавата на Тачи, Зекирија Ибрахимик од Алтернатива ја смета за обид да се предизвика поделба во коалицијата. Тој дури додава дека веднаш по вториот круг, ќе почнат преговори за ново парламентарно мнозинство.
„Доколку е вистина фактот дека тој е по информиран, значи дека неколку пати тој човек згрешил. Вие секогаш требате да ги земете со резерва работите кои тој ги кажува. Тоа се работи во рамките на предизборната кампања за да предизвика поделби во коалицијата. Тие се неважни и нашата коалиција функционира на најдобар можен начин и се надеваме дека од понеделник ќе почнеме да работиме за новото мнозинство“, вели Зекирија Ибрахими.
Ниту секретарот на АА, Арбен Таравари, не верува дека Алтернатива, по вториот круг на локални избори, ќе стане дел од Владата.
„Не верувам дека влезе, бидејќи ќе има ново мнозинство. Така да ќе стане дел од Владата но заедно со нас и другите партии, но со ново мнозинство“, додава Арбен Таравари.
За ново парламентарно мнозинство постојано зборува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Неколку пати истакна дека очекува дека по вториот круг на локалните избори ќе има ново парламентарно мнозинство в о Собранието.
