Тачи: ВМРО-ДПМНЕ ќе „јаде многу шлаканици“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе „јаде многу шлаканици“.

„Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе јаде многу „шлаканици“ до денот на изборите, дури и од меѓународните партнери“, вели Тачи.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ во последен момент ќе го смени ставот за уставните измени.

„Шлаканиците ќе растат, додека пак поддршката за остатокот од политиката ќе оди далеку. Тоа ќе биде делот што е проевропски, дел од проевропскиот фронт“, рече понатаму Тачи.