Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Антиалбанизамот е заедничката точка на противење на Коридорот 8 и уставните измени.
„Антиалбанизам, заедничка точка на противење на Коридорот 8 и уставните измени. Го кажав директно. Сешто ќе чекав во свет, но ВМРО да има анти-албанска политика и анти-бугарска политика, а да зема про-српска, немаше да верувам. Ова го докажуват фактите“, вели Тачи.
Претходно, Тачи истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени ставот за уставните измени.
