Лидерот на ДПА, Мендух Тачи гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, каде дебатираме и изградбата на Коридорите.
Тој вели дека верува во Коридорот 8, бидејќи зад него стои американска компанија.
„Навистина ми се допадна настанот за поставување на камен-темелникот на Коридорот 8. Бев присутен, и верувам во тоа. Кога ќе ме прашаат дали верувам, јас велам да, многу верувам кога ќе видам дека градежната фирма е американска. Верувам кога гледам дека таму е присутен американскиот амбасадор“, вели Тачи.
