Тајландски рибар би можел за заработи блиску 200 илјади евра од нешто што случајно го извлекол од море

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден рибар од Тајланд извлекол големo парче од секрет од кит, која би можела да му донесе заработка од 185 илјади евра.

Овој улов го направил на плажата Самил во Сонгла, кога извлекол од морето парче од седум килограми.

Станува збор за секрет, кој се користи во индустријата за производство на парфеми. Рибарот вели дека прво помислил дека станува збор за камен, но бил љубопитен и го однел предметот дома.

Некои од соседите му рекле за што станува збор, а примерок е испратен во лабораторија, и потврдено е дека може да заработи многу.

„Се чувствувам среќно што го најдов“, рече рибарот кој не ни знаел што е тоа.

Тој истакнал дека не му се брза да го продаде ова парче, и дека дури е подготвен да најде купувач надвор од Тајланд.

И минатата година еден рибар од Тајланд најде ваков предмет од 6 килограми и се збогати преку ноќ.