Еден маж беше убиен откако влегол во безбедносниот периметар на одморалиштето на Трамп, Мар-а-Лаго.
Инцидентот се случил во недела додека Трамп престојувал во Вашингтон.
Агентите на Тајната служба на Соединетите Американски Држави го застрелале и убиле мажот кој се обидел да го пробие обезбедениот периметар околу одморалиштето на претседателот Доналд Трамп, Мар-а-Лаго на Флорида, пренесува агенцијата Ројтерс.
„Американската тајна служба застрела и уби маж кој се обидувал да влезе во Мар-а-Лаго, резиденцијата на Доналд Трамп“, се наведува во извештаите.
Кај мажот биле пронајдени пиштол и канистер со гориво, изјавил портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми.
Според Тајната служба, станува збор за маж во раните дваесетти години, кој бил вооружен.
Ниту еден припадник на Тајната служба ниту на Канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич не е повреден, а во моментот на инцидентот на имотот немало лица под заштита на Тајната служба, соопштија официјалните лица.
Повеќе информации ќе бидат познати подоцна.
