Предупредување за снежна бура е издадено за 35 милиони луѓе на источниот брег на Соединетите Американски Држави пред очекуваната зимска бура што ќе донесе обилни врнежи од снег и силни ветрови, објави денес CBS News.
Предупредувања за снежна бура се издадени за Њујорк, Њу Џерси и крајбрежните заедници долж источниот брег, бидејќи бурата што се очекува да пристигне денес се заканува да предизвика хаос на почетокот на неделата.
Метеорологот Коди Снел предупреди дека бура од ваков обем, во овој густо населен регион на САД, не е видена со години.
