Талибанците го опколуваат Кабул – итен состанок во МНР, активности за извлекување на наши граѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Секој бара билет за да го напушти военото подрачје во Авганистан, а нашинците постојано ѕвонат и на телефонската линија отворена од Министерството за надворешни работи.

„Со оглед дека состојбата во Авганистан во континуитет се влошува, во рамките на Министерството за надворешни работи формирана е работна група за следење на состојбите, координирање на активностите поврзани со извлекувањето на нашите граѓани од Авганистан, како и континуирано информирање“, истакнаа од Министерството.

На денешниот итен состанок било констатирано дека се уште има наши граѓани кои се останати и се соочуваат со потешкотии за обезбедување место во комерцијалните летови.

Од меѓународниот аеродром во Кабул денеска безбедно полета еден авион за Истанбул и тој беше пребукиран. Откако талибанците засеоа нови територии, Кабул е под директна закана. Преведувачите кои беа подддршка на американската војска нестрпливо чекаа да добијат виза за да побегнат од Кабул пред да започне офанзивата на талибанците во градот.

„Им служиме на американските сили. Им служевме на коалиционите сили. Тие мораат да се грижат за нас. Сега е ред нам да ни се помогне. Им помогнавме, знаете им ги спасивме животите. Ние бевме луѓето за комуникација со двете култури, бидејќи без преведувачи ништо немаше да направат“, вели Али.

Во тек се операции консултации за запирање на војната во Авганистан. Претседателот имаше и телевизиско обраќање.

„Во моменталната ситуација наш приоритет е кохезија на безбедносните и одбранбени сили, се преземаат сериозни мерки. Знам дека сте загрижени за вашатасегашност и иднина, ве уверувам како ваш претседател сконцентрирани сме на спречување на нестабилноста, насилствата и раселувањетона луѓето“, посочи Афраф Гани.

Од Обединетите нации информираа дека талибанците кои имаат 2/3 од тероторијата на Авганистан за само неколку дена убиени се повеќе од 1000 луѓе, а најмалку 241.000 принудени се да ги напуштат своите домови.

Од македонското Министерство за надворешни работи ги повикуваат граѓани кои имаат свои роднини и/или пријатели во странство да се јават на дежурните телефони, каде ќе ги пријават сите информации со кои располагаат.

Дежурни телефонски броеви:

  • +389 75 273 732
  • +389 75 446 647