Тамара Тодевска слави 25 години кариера

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пејачката Тамара Тодевска на 3 октомври 2026 година ќе одржи голем концерт во арената Борис Трајковски во Скопје, на кој ќе го одбележи јубилејот од 25 години музичка кариера и официјално ќе го најави новиот албум „Кукла жива“.

Настанот ќе претставува музичко-визуелно шоу и нова уметничка фаза во нејзината кариера, а е реализиран во соработка со македонскиот диригент, композитор и аранжер Емин Џијан и неговиот оркестар.

Концертот е во организација на „Music Rituals“, со поддршка на Министерството за култура и туризам, а билетите веќе се достапни во продажната мрежа на „WayIn“.

Паралелно со подготовките за настапот, Тодевска работи и на новиот албум „Кукла жива“, кој ќе содржи 11 песни и ќе претставува ново поглавје во нејзината музичка кариера.

Во изјава за јавноста, таа посочи дека процесот на создавање е интензивен, но инспиративен, и дека песните се резултат на лични искуства и емотивни моменти од нејзиниот живот и кариера. Автор на дел од текстовите е Коста Петров, додека аранжманите ги изработил Емин Џијан.

Албумот се очекува да биде претставен во текот на мај 2026 година, додека публиката на октомврискиот концерт ќе има можност премиерно да ги слушне сите нови песни, како и најголемите хитови од нејзината досегашна кариера.