Ова е патот кој води кон селото Танушевци, општина Чучер Сандево.
Уништена е и на секој чекор со дупки, кои се отвораат при секој пообилен дожд.
Мештаните се жалат дека ваквата состојба на патот им го отежнува секојдневието и дека дури ни децата не можат да одат на училиште.
„Во селото Танушевци улиците се целосно уништени. Но тоа не е сѐ. Патот кој го поврзува селото со Град Скопје е на секој чекор со дупки“, посочи репортерката на ТВ21.
-Колку ви е тешко секојдневно да поминувате по оваа улица?
„Секогаш ни е тешко, бидејќи никогаш не е санирана. Времето го прави своето, кога паѓа дожд ја уништува улицата, а ние ја посипуваме со песок“.
-Дали побаравте од општината да преземе мерки за да ја санира?
„Општината ја виде и знае. Секогаш бараме, но залудно. Никогаш нема преземено ништо, ниту за улиците, ниту за водоводот. Само ја знаеме како општина дека постои, ништо друго“.
-Колку е тешко и за децата да поминуваат по оваа улица, одејќи за на училиште?
„Децата доаѓаат со нас наставниците, со служителите. Имаме и една подалечна населба, служителите понекогаш ги носи и со коњ“.
„Состојбата е ваква уште откако сум роден јас. Порано немаше воопшто откако ја ископаа со булдожер. Никој не презема ништо за улицата. Сите возила си ги расипавме, дојдовме да живееме во родното место, но нема ништо“.
„Доста тешко. Автомобилите си ги искршивме, улицата е во лоша состојба, а никој не ни помага“.
-Дали побаравте помош од општината?
„Кој да ни помогне? Виде каква е улицата? Снемува вода, снемува струја…. “
Како и неговите претходници, па така и актуелниот градоначалник на Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ вети дека патот кој води кон Танушевци ќе биде саниран. Во однос на улиците во селото, рече вели дека општината нема доволно средства за да ги изгради.
Селото Танушевци се наоѓа на границата со Косово и на околу 50-тина километри од Скопје. Токму во ова село пред 21 година, односно во 2001 година започна воениот конфликт.
Таму живеат околу 60 жители Албанци. Повеќето од нив велат дека функционерите ги посетуваат само за време на изборните кампањи.
