Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, по состанокот на партиското раководство изјави пред медиумите дека Алијансата за Албанците на локалните избори ќе настапи самостојно со советнички листи, пренесува ТВ21.
Тој додаде дека како партија не излегуваат од коалицијата „ВЛЕН“. Меѓу другото, потенцираше дека АА се обидела да наметне начин на избирање кандидати за градоначалници.
„Временски ултиматуми, реално, не можеме да прифатиме, бидејќи имавме ултиматум да донесеме одлука денес. АА одлучи дека во сите општини каде што Албанците се кандидираат, ќе настапи со посебни листи за општински советници“, изјави Арбен Таравари – претседател на Алијансата за Албанците.
