Таравари до ВМРО-ДПМНЕ: Гласајте за уставни измени, Алијанса веднаш ќе излезе од Владата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека се подготвени уште денеска да ја напуштат Владата, доколку тоа го побара ВМРО-ДПМНЕ, во замена за гласање за уставни измени.

„Во овој важен период за државата, ако ВМРО-ДПМНЕ кажат дека Алијанса за Албаните треба да излезе од Владата и ќе гласаме за уставни измени, Алијанса не утре, туку денеска целосно ќе ја напушти Владата. Нека кажат, нека направат проширена Влада, нека се изгласаат уставните амандмани, и веднаш одиме на избори“, рече Таравари.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама