Министерот за здравство денеска истакна дека факт е оти постои мито во здравството.
Како што вели мора да има докази и ги охрабрува сите кои имаат информации да ги пријават во надлежните институции.
„Добиваме пријави и информации во Министерството за здравство, ги информираме директорите. Веќе има една акција. Ние го даваме нашиот максимум, вработувања, колективен договор, покачувања на плати, бараме и од медицинскиот персонал да бидат коректни и да ја вршат својата должност како што треба“, вели Таравари.
Таравари вели дека нема да го открие идентитетот на докторот бидејќи постои презумпција на невиност.
„Имаше пријави и за Хирушките клиники во Скопје, но утврдивме дека немало ништо, дека станува збор за редовна операција. Треба да бидеме внимателни со сите пријави, не држат сите. Имињата ќе бидат објавени откако ќе се констатира нешто. Не сме ние судии и полиција. Ги охрабрувам сите кои имаат докази и информации, да пријават кај мене, во Министерството за здравство, во полиција или кај директорите на болниците со кои сум во секојдневна комуникација“, рече министерот.
