Вината за големиот број на заразени не треба да се бара во раководителите на општините, туку одговорноста паѓа врз институцијата која управува со пандемијата, значи врз Министерство за здравство, истакна градоначалникот на Гостивар и лекар Арбен Таравари во вестите на ТВ21.
Во продолжение дел од разговорот:
„Денеска се јавувам од Клиниката за Неврологија и верувајте дека повеќе од половина од пациентите кои ги прегледав денеска, кои беа над 50, се случаи кои го прележале ковид-19 и сега имаат невролошки и психички последици. Самото затворање поради пандемијата во 2020 создаде кај луѓето некаква фобија, страв од болеста кај луѓето, посебно кај нас кои го прележавме вирусот. Штом КЗБ даде дозвола за одредени олеснувања на мерките мислам дека сите луѓе, не само во Гостивар, Тетово, Полог, регион, во светот се ослободија, мислејќи дека ќе се вакцинираат и целата приказна за Ковид-19 заврши“, истакна Арбен Таравари во вестите на ТВ21.
-Докторе велите дека тоа се очекувало, но со помала бројка? Дали сметате дека државата или здравствените власти згрешија при управувањето со ситуацијата?. Што конкретно требало да направат?
„Секогаш одговорноста за состојба која зависи од институцијата, институцијата треба да даде одговорност. Во конкретниот случај не можеме да ја обвинуваме Општина Тетово, Гостивар, Боговиње, Струмица, Прилеп, главната одговорност секогаш паѓа врз институцијата која управува со пандемијата, сите успеси и неуспеси. Ние како албанска опозициска партија постојано истакнуваме дека станува збор за целосно политизирано и материјализирано министерство“, додаде Арбен Таравари.
-Г. Таравари вие раководите со Општина Гостивар, каква е состојбата во Гостивар со корона вирусот, каква е состојбата во болницата, дали има доволен капацитет за да им се излезе на помош на пациентите?
„Имате предвид дека Општина Гостивар и ниту една друга општина во Македонија нема никаква надлежност ниту во примарното, ниту во секундарното здравство, ниту во Болницата во Гостивар, ниту во Здравствен дом Гостивар. Ние секогаш бевме отворени да соработуваме и евентуално доколку можеме да помагаме во ова ситуација, дури кога функционираше кризниот штаб на почетокот на кризата со пандемијата, ние се обидовме одредена количина на маски кои ни ги донираа нашите донатори/пријатели ги однесовме во гостиварската болница, имаше период кога имаше криза со маски. На почетокот на мандатот се обидовме да обезбедиме две автомобили за брза помош кои сега ги користи Општина Гостивар од турската Амбасада. Пред неколку месеци обезбедивме уште еден автомобил за брзата помош за Здравствен дом во Гостивар, донација на германската Амбасада“, посочи Таравари.
