Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во дебатното издание на „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не се исклучува можноста за коалиција и со владејачката СДСМ.
Тој додава дека ваквата коалиција не би била можна со ДУИ.
„Нема теорија да ја раскинеме коалицијата со Алтернатива. Гледаме опции и за други коалиции. Можно е да има коалиција со сите партии, со СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ, само со ДУИ не. Сметам дека нашата коалиција со Алтернатива е силна. За локалните избори ќе ги прегледаме сите опции, но дефинитивно со ДУИ нема коалиција“, порача Таравари.
Таравари и политичките аналитичари Арбен Раткоцери и Алберт Муслиу се соговорници во дебатниот магазин „Click Plus“.
