Таравари: Нема коалиција со партија која не ги признава Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека нема коалиција со партија која не ги признава Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Нашиот претседател Зијадин Села неколку пати има напоменето дека нема да коалицираме со ниедна партија која не ги признава договорите со Грција и Бугарија. И јас велам, тоа се договори кои го отвараат патот на Македонија за ЕУ, и секоја партија кога е против овие договори, со нас не може да има коалиција“, објасни Таравари.

На прашањето дали би коалицирале со партијата Левица, Таравари вели „доколку ги прифатат нашите услови, да“