Таравари ненадејно колабирал и итно пренесен во болница: „Добро сум, ги чекам одговорите од лекарите“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Арбен Таравари на својот профил на „Фејсбук“ објави дека вчера ненадејно колабирал, и дека бил итно пренесен во болница.

Тој рече дека во моментов се чувствува добро, и дека ги чека анализите од докторите.

„Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар.

Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи.

Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница.

Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци.

Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите.

Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас.

Ви благодарам од се срце!

Секогаш ваш!

Арбен“, напиша Таравари на својот профил на „Фејсбук“.