Таравари: Села бара техничка Влада, решавање на спорот со Бугарија и одиме на нови избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вечерва гостува во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме на различни политички теми.

Таравари вечерва кажа дека претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села апелира за техничка влада. Барањето за техничка влада е со цел заедничко превземање на одговороноста на клучните политички теми, како што е спорот со Бугарија.

„Бараме техничка влада за да го решиме спорот со Бугарија, да добиеме датум за преговори со Евроската унија, и веднаш да одиме на нови парламентарни избори заедно со локални“, кажа Таравари вечерва на гостувањето во ТВ21.