Таравари: Со Мицкоски имаме коректни односи, ако друг смета дека не ни е место во Владата не е проблем

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По завршување на состанокот во Гостивар, Арбен Таравари одговараше на новинарски прашања за како што објави ТВ21 размислувањето на ВЛЕН за исклучување од коалицијата и Владата.

Тој рече дека со премиерот Мицкоски имале коректни односи, јавува репортерот на ТВ21.

„Ние сме дел од Владата, продолжуваме да го даваме нашиот придонес. Доколку некој смета дека не сме потребни таму, не ни е проблем воопшто, но јас сметам дека со премиерот Мицкоски имаме коректни односи, верувам дека ќе продолжиме, но тогаш кога ќе оцениме дека нешто не оди како што треба, тогаш и јавно ќе излеземе, не е проблем, но моментално сметам дека имаме добри односи“, истакна Таравари.

На истата тема денеска зборуваше и премиерот Мицкоски.

„Во јавноста има многу информации, јас би се воздржал од било какви коментари само би кажал дека Владата функционира обединето, единствено, оваа Влада има би рекол неофицијално чиста двотретинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеници ја поддржуваат, така што треба да ја оставиме Владата да работи како што е до сега, изјави Мицкоски.

Според извори на ТВ21, има предлози ВЛЕН да донесе одлука АА да си замине од коалицијата и да му се предложи на премиерот да ја отстрани партијата од Владата. Се очекува сето ова да се потврди во следните 10 дена.