Таравари во Клик Плус: До 28 мај дефинирање на сите прашања, министерства, управи…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претставниците на коалицијата ВРЕДИ и од ВМРО-ДПМНЕ до сега се сретнале два пати. Првата средба била меѓу Таравари и Мицкоски пред изборите од 8 мај, а втората била меѓу четворицата лидери на ВРЕДИ и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ на 11 мај. Во Клик Плус, Таравари рече дека на втората средба се поставиле контурите на новата влада, се усогласиле програмите  а ВРЕДИ ги претставила трите главни точки.

„Таму веќе се поставија контурите на идната влада. Трите главни точки ги спомнав, евроинтеграциите, економскиот развој и борбата против криминалот и корупцијата како и правната држава“, вели Арбен Таравари.

На оваа средба биле формирани и работните групи кои ќе преговараат за поделба на ресорите. Таравари очекува до 28 мај да се дефинираат сите прашања и да се конституира новиот парламентарен состав.

Таравари: Јас очекувам прогласувањето на владата да биде некаде од 1 до 5 мај. Конституирањето на парламентот некаде на 28 мај.

-Значи и датумите ги имате?

Таравари: Таква е проекцијата, не дека така сигурно ќе биде. Во меѓувреме работните групи да двете коалиции ќе преговараат. Веруваме дека до тогаш ќе ги конкретизираме сите работи, со министерства, управи, со програмата комплет како што треба.

Но како ќе постапи ВРЕДИ доколку ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржи уставните измени за определен рок?

Таравари: До Нова Година доколку не се спроведат и нема знаци за нивно спроведување, ќе седнеме и ќе го разгледаме тоа уште еднаш верувам.

-Што да разгледате?

Таравари: Да, и нашето учество во влада.

-Значи и?

Таравари: Колку што гледам од преговорите со Мицкоски, гледам дека има оптимизам.

-Ако не се 6 ќе бидат 9 месеци. Добро, очекувате да има измени?

Таравари: Јас сум оптимист дека за 6 или 9 месеци, некаде по Нова Година мислам дека ќе имаме уставни измени.

За тоа што ќе содржат уставните измени, Таравари вели дека отстранувањето на 20% за албснкиот јазик е еден од главните услови додека во иднина би биле заинтересирани за целосно нов устав кој ќе соодветствува со етничката и демографска реалност во земјава.