Таравари за коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ: Се надевам дека во текот на следната недела ќе го официјализираме договорот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Арбен Таравари од Коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива денеска на прес конференција, по новинарско прашање за тоа кога ќе биде официјализирана коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека тие преговараат со сите партии.

„При крај сме со преговорите, и тоа нормално треба да помине низ партиските органи. Се надевам дека во тек на идната недела, можеби ќе го официјализираме и ќе се потпише таков договор“, посочи Таравари.